Геј браковите целосно легални во Словенија, двојките може да посвојуваат деца

Словенечкиот парламент на денешната седница го усвои амандманот со кој се дозволуваат истополови бракови и усвојување деца во нив, по одлуката на Уставниот суд со која се отстранија пречките за законските измени, јавуваат локалните медиуми.

Словенија е првата земја која потекнува од некогашните социјалистичките држави во Источна Европа која усвојува ваков закон, а мнозинството земји во регионот и натаму не дозволуваат граѓански истополови заедници и бракови.

Ригиден државен став генерално против ЛГБТ-заедницата има и во некои земји од Европската унија, како Унгарија.

 

slobodenpecat.mk