Опозицијата во Република Српска на протест поради „изборна кражба“

Претставниците на опозициските партии во Република Српска за денеска најавија мирен протестен марш во Бања Лука поради, како што наведоа, изборна кражба на општите избори одржани во неделата. „Сакаме на мирен начин да покажеме дека не се согласуваме со изборна кражба и менување на изборната волја на граѓаните“, рече претседателот на Партијата на Демократски напредок (ПДП), Бранислав Бореновиќ. Претставниците на опозицијата најавија дека бараат од Централната изборна комисија на БиХ повторно да ги преброи гласовите во цела Република Српска за претседател на Република Српска, Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ и Националното собрание на РС.

 

Радио Слободна Европа