ОПЕK се согласи да го намали производството, игнорирајќи ги молбите на САД

Картелот ОПЕК+ предводен од Саудиска Арабија, кој ја вклучува Русија, се согласи да го намали производството за 2 милиона барели дневно, што е негово најголемо намалување на производството од пандемијата на ковид-19 во 2020 година. Одлуката го игнорира американскиот претседател Џо Бајден, кој побара од ОПЕК + да не го намалува производството, потег што веројатно ќе резултира со повисоки цени, што ќе биде од корист за Русија, бидејќи ги користи приходите од нафта за финансирање на нејзината тековна целосна инвазија врз Украина.

 

Радио Слободна Европа