Автопатот „Каракорам“: Еден од најопасните патишта на светот

Автопатот „Каракорам“, кој владите што го изградија го нарекоа „Автопат на пријателство“, е меѓу петте најопасни патишта во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Автопатот „Каракорам“ е највисокиот асфалтиран меѓународен пат во светот. Ги поврзува Кина и Пакистан преку планинскиот венец Каракорам, преку преминот Хунџераб, на надморска височина од 4.693 метри.

Двонасочниот пат е долг 1.300 километри, поминува низ Кашмир од Хасан Абдал, мал град во близина на Равалпинди и Исламабад, до Кашгар во кинеската автономна област Ксинџијанг Ујгур.

Автопатот е подложен на одрони и поплави, а за да биде уште полошо, во Пакистан е неасфалтиран. Во последниве години, автопатот стана дестинација за авантуристички туризам поради неговата живописна локација и факторот на висок ризик.

Сè уште е туристичка атракција бидејќи минува низ некои спектакуларни клисури по стариот Пат на свилата. За време на изградбата на патот загинаа речиси 900 работници. Често се нарекува „осмо светско чудо“.

Автопатот „Каракорам“, кој ги поврзува Кина и Пакистан на преминот Хунџераб, е еден од најопасните и застрашувачки патишта во светот.

Секоја година на овој опасен пат кој го користат само добрите и професионални возачи, се случуваат стотици сообраќајни несреќи со смртни последици. Изградбата на автопатот започна во 1959 година, а беше отворен во 1978 година.

 

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).