(ВИДЕО) Велес викендов во знакот на „Питијадата 2022“

Викендов општина Велес е претесна за да ги собере гостите кои дојдоа на годинешната „Питијада 2022“. Организаторот на настанот предвиде три дена музичка програма за сечиј вкус, многу пити, вино и пиво.

На синоќешниот прв ден свои настапи имаа Миле Кузмановски, ДНК и Нокаут до доцните часови, кои атмосферата ја подгреаа до максимум.

На вториот ден од „Питијадата“ гостите и велешани ќе ги забавуваат, младите од „Дајте музика“, Фолтин,   Каролина Гочева, Наум Петрески и Зујца Лазова.

Завршниот ден од годинешната Питијада ќе биде резервиран за Сузана Спасовска, Лозано и Љубојна.