ВМРО ДПМНЕ: СДС директно поддржува фашизам, дозволи формирање на здружение Цар Борис, а сега не го поддржува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за строго регулирање на начинот за формирање на здруженија и фондации

0
365

Антимакедонската СДС нека одговори зошто им пречи законскиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за измени со кои идно формирање и регистрирање на здруженија со имиња со фашистичка позадина, но и ќе се реагира на постоечките здруженија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

Ако СДС е против клубот Цар Борис, зошто не го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто Ковачевски молчи на ова прашање?

Дезертерот Ковачевски молчи бидејќи неговиот ментор Зоран Заев со своите изјави ги поткопа македонските позиции.

СДС со своите лоши политики даде легитимитет на бугаризација.

Ковачевски не направи ништо да спречи отворање на клубови со фашистички имиња во Македонија, напротив тоа го дозволи.

ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира да власта одобрува никулци на фашизам.

Сега е време СДС да го прифати предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ, ако не одобрува здруженија со фашистичка позадина.

извор: ВМРО ДПМНЕ

фото: Архива