Од 1 декември посебна мерка за помош на производителите на леб, масло и други основни прехранбени производи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека веќе е подготвена мерка за производителите на основните прехранбени производи, а нејзината операционализација треба да почне од 1 декември.

 

 

Како што истакна Бектеши, одговорајќи на прес-конференција во Владата, во соработка со Министерството за финансии се креираат мерки и за малите компании кои се на слободниот пазар.

 

 

-Со министерот Бесими креираме мерки и за малите компании кои се на слобдниот пазар. За производителите на освните продукти, како леб и масло за јадење, Министерството за економија само што подготви мерка која треба да се операционализира од 1 декември, напомена Бектеши.

Тој уште еднаш објасни дека целта е да се намали цената на инптутите за основните производи, за да се спречи нивно поскапување.

 

nezavisen.mk