Ќе се разгледа можноста да не се менува летното сметање на времето

0
216

Владата заради заштеди на струја разгледува можност и по 30 октомври да остане летното сметање на времето. Таа го задолжи Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

Летното сметање на времето треба да заврши на 30 октомври, кога часовникот треба да се врати еден час наназад, односно 3 часот по полноќ, ќе се смета дека е 2 часот.

– Министерството за економија доби задолжение од Владата да ги разгледа можностите околу евентуално продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија, информираше вечерва владината прес-служба по 88. седница на владиниот кабинет.

извор: Влада