Индиската полиција уби тигар со прекар Човекојадец од Чампаран, во голема операција во која беа вклучени 200 луѓе, вклучително и трагачи на слонови, соопштија индиските власти.
Големата мачка убила најмалку шест лица во изминатиот месец, меѓу кои една жена и нејзиниот осумгодишен син во саботата.
Дури и пред овие две последни смртни случаи, властите го означија тигарот – за кој се верува дека е мажјак од три или четири години – „човекојадец“, што значи дека може да биде убиен.
извор: Индекс.хр.