Српскиот фолкер, Дарко Лазиќ, добива закани од сопственици на локали и други луѓе на кои им должи пари затоа што се почесто позајмува пари, а неодамна земал 3.000 евра однапред за тезга во шведски град, каде што не се ни појавил, објави Република.
Како што за српските медиумите изјавил еден од вработените во ноќниот клуб, пејачот си направил проблеми бидејќи му гарантирал на лицето кое го дало авансот, додека остатокот од парите требало да ги даде менаџерот на барот.
Тој човек лично договорил настап со Дарко и сопственикот на клубот. Лазиќ заедно со бендот требаше да пристигне во градот попладне. Имаше лет околу 14 часот за да се подготви до вечерта, но оттогаш не се јавува на телефон. Сите мислеа дека има проблем, дека можеби летот е откажан, но до вечерта немаше ни знак ни глас од него. Дарко однапред зел капар, а остатокот требало да го добие откако ќе заврши тезгата. Дарко веќе му должи услуга на човекот кој гарантираше за него, па му се налути на Дарко што повторно направи хаос – вели соговорникот на српските медиуми.
Медимите додаваат дека Лазиќ постојано добива пораки од непознати телефонски броеви, па дури и му се закануваат со смрт.
Дарко, знаеме дека си со новата девојка. За џабе се криеш. Врати ги парите на сметка, инаку ќе завршиш полошо отколку во сообраќајната несреќа – гласела една од пораките
Кога Лазиќ видел дека се дознало за тоа што направил, се преправал дека е во болница.
Пред пет дена го изгубив телефонот и автоматски се објави дека сум исчезнат. Лажни се и приказните дека сум го земал хонорарот однапред затоа што нормално никогаш не го правам тоа. Никогаш не земам пари однапред – одговара Дарко на пишувањата за неговите долгови.