Ѓорѓи Сурловски за „Creative Voice“: Се што сакам, е ние лицата со атипичен развој, да бидеме повеќе забележани и повеќе разбрани од општеството

0
322

Дали доколку имате срце големо како планина спаѓа под дефиницијата за атипичен развој???

Атипичен развој на една личност е секоја состојба која не е во согласност со оние „нормалните“ или „вообичаени“ начини на развој. Во минатото за оваа појава се користеле и други термини, но денеска е прифатено дека најкоректно е да се употребува токму терминот „атипичен развој“, па така и ние ќе се придржуваме за истиот, објави creativevoice.mk. 

Ѓорѓи Сурловски (Ѓоле, а бидејќи никој не го изговара со „Ѓ“, Џоле во понатамошниот тек) е личност кој на како бебе качува превисока температура, а со тоа започнува и неговиот атипичен животен пат. Соочувајќи се со сите предизвици и пречки што може животот да ги донесе, Џоле мора да вложи 10 пати повеќе труд и напор да стигне до посакуваниот ефект и цел. Џоле има 10 пати повеќе желба од сите останати да го направи тоа. Џоле е лице со атипичен развој. Џоле има срце големо како планина!

Со Џоле се сретнавме по завршетокот на неговото работно време да поразговараме за неговиот живот. Да, Џоле работи како книговезец во печатница. Како што вели, родителите му се пензионери, животот не им бил воопшто лесен, се грижеле за него, а сега е време тој да им помогне на некој начин.

„Се што сакам, е ние лицата со атипичен развој, да бидеме повеќе забележани и повеќе разбрани од општеството. Па и ние сме дел од него!“ – беа неговите први реченици.

Започна да ја прераскажува неговата секојдневна рутина. Станува во 5, во 5 и 20 фаќа автобус, од 7 е на работа. Толку, отприлика, му е потребно да стигне од Илинден до Козле. Токму тука, во моментот на влегување во автобус, Џоле се соочува со првиот предизвик. Како што вели, често пати нема место во автобусот. Во ред, почесто е случај тоа кога се враќа накај дома – тогаш гужвата е поголема. Во автобусите нема слободни места, а луѓето… тие не го забележуваат неговиот проблем. „Специјално наменети места за лица со атипичен развој нема. По правило, мора да се овозможи непречено користење на градскиот превоз, особено за лицата во количка, но тоа не функционира кај нас. Навистина ретко некој да ослободи место. Навикнат сум веќе. Во тие моменти си мислам дека не сум само јас тој што има пречки. Сите ние имаме, само поразлични. Секоја чест за исклучоците кои знаат да станат и да ослободат место или да ти помогнат.“ – раскажува Џоле, кој најчесто е принуден е да стои во автобусите и да се турка, иако неговата физичка состојба не е таква да може да го поднесе сето тоа. Толку ли е драгоцено тоа место за седење што не е возможно да му се отстапи на некој што му е многу попотребно? Не секогаш е вината во државата, системот или кај некој друг. Некогаш проблемот и во нас самите.

 

Текстот во целост на: creativevoice.mk.