(ВИДЕО) На владината прослава во Куманово наместо „клетите фашисти“ се пееше клетите душмани!

Уште еден срам приреден од владата на Таче, напиша на социјалните мрежи уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев.

-На владината прослава се смени текстот на “Абре Македонче”, па наместо “Клетите фашисти” се пееше “Клетите душмани”.
Дали ова е уште едно угодување кон Бугарија? Која иако била дел од фашистичката оска, за себе сака да тврдат дека не биле фашисти?
Оваа песна од кога е напишана и за прв пат испеана од Бадев, секогаш има “Клети фашисти” и ништо друго…, напиша тој.

извор: Лидер