Жена во БиХ возела со 5,19 промили алкохол

Четириесет и шестгодишна жена од Градишка, Босна и Херцеговина, е уапсена откако била запрена при сообраќајна контрола. Алкотестот открил дека има дури 5,19 промили алкохол во крвта.

Како што пренесуваат локалните медиуми, жената била зад воланот во таква состојба, иако во тој момент не изгледала дека била многу пијана, но шокот дошол кога алкотестот утврдил дека има повеќе од пет промили.

Освен неа, во рамки на акцијата за контрола на сообраќајот, уапсена е уште една девојка (27) која возела со 1,67 промили алкохол во крвта.

 

vecer.press