(ВИДЕО) Испаничени родители итно сопреле возач на автобус, некој им го украл автомобилот во кој било нивното дете

0
357

Службениците во полициската управа во Кентвуд сè уште трагаат по осомничените кои го украле автомобилот. Возилото било лоцирано и сега бараат помош да ги фатат крадците.

Дејв Скинер минатиот вторник го возел училишниот автобус на подрачјето Гранд Рапидс во Мичиген кога го сопреле двајца испаничени родители.

„Врескаа дека некој им го украл автомобилот со детето внатре“, изјавил Скинер додавајќи дека после тоа се јавил на 911 и дека после тоа ги предупредил останатите колеги возачи преку радио. Му се јавила колешката Су Фигуероа, која забележала мало дете покрај патот и веднаш го завртела автобусот.
„Само што видов мало дете како стои со дедо“, рекла Фигуероа. Го земала детето и по некое време им го предала на родителите.

Управникот на училиштето Џејмс Алстон рекол дека Су Фигуероа, Дејвид Скинер и Кристин Никлсон завршиле одлична работа враќајќи го двегодишното дете на неговите родители.

„Су и Дејвид беа вклучените возачи, а Кристин е директорка за превоз и помогна да се координираат нивните напори“, рекол Алстон.

Службениците во полициската управа во Кентвуд сè уште трагаат по осомничените кои го украле автомобилот. Возилото било лоцирано и сега бараат помош да ги фатат крадците.

 

tocka.com.mk