Полскиот оператор на нафтоводот ПЕРН денеска соопшти дека е откриено истекување на една од двете линии на нафтоводот „Дружба“, што пренесува сурова нафта од Русија во Европа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Доцна синоќа, системите за автоматизација на ПЕРН открија истекување од цевководот „Дружба“ на една од двете линии од западниот сектор, на околу 70 километри од Плоцк“, се вели во соопштението.
Операторот нагласи дека причините за истекувањето се непознати, додека втората линија од цевководот и другите елементи од инфраструктурата на ПЕРН функционираат нормално.
„Во овој момент, сите служби на ПЕРН (технички, оперативни, противпожарната бригада и одделот за заштита на животната средина) преземаат акции во согласност со алгоритмите предвидени за овој тип ситуации“, се додава во соопштението.
ПЕРН наведе дека службите на ПЕРН и Државната противпожарна служба веднаш излегле на терен за проценка на ситуацијата, за обезбедување на областа и започнување со предвидените операции.
Нафтоводот „Дружба“ транспортира руска нафта до рафинериите во Полска, Германија, Унгарија, Словачка и Чешка.
извор:Агенција Анадолија (АА).
фото: Агенција Анадолија (АА).