– Главниот град на Чешка е меѓу првите 10 најпосетувани градови во Европа и кај туристите предизвикува голем интерес благодарение на своите историски мостови, катедрали, кули со златни врвови и замоци.
Прага, главниот град на Чешка, ги понесува своите посетители на патување низ времето со глетката што им ја пружа како од разгледница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Прага, која во минатото била позната како „Град со 100 кули“, „Покривот на Европа“, „Срцето на Европа“, „Златен град“ и „Мајка на градовите“, покрај тоа што е главен и најголем град во земјата, во исто време е и туристички центар кој привлекува големо внимание.
Главниот град на Чешка е меѓу првите 10 најпосетувани градови во Европа и кај туристите предизвикува голем интерес благодарение на своите историски мостови, катедрали, кули со златни врвови и замоци.
Градот опколен со ридови, сместен е во долина во која реката Влтава го дели на два дела. Ваквата структура го прави идеален и за прошетки и за пешачење.
www.aa.com.tr