Одрони на патот Демир Хисар – Кичево, сообраќајот се одвива по една лента

0
388

Поради одрони од поголеми карпи на регионалниот пат Демир Хисар – Кичево во близина на рибникот Белица, од утрово во 06:15 часот сообраќајот на овој патен правец се одвива само на една коловозна лента.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

амсм