Северна Кореја со нова балистичка ракета кон Јапонското Море

0
180

Северна Кореја денеска истрела неодредена балистичка ракета кон Јапонското Море, соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи ги здружените Генералштабови на Сеул.

Военото раководство на Јужна Кореја првично не даде други детали, пренесе ДПА.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарна боева глава.

nezavisen.mk