Република Северна Македонија наскоро ќе го потпише својот прв официјален договор со Европската унија и тоа на македонски јазик, без какви било фусноти и дополнителни објаснувања.
Станува збор за Договорот за гранично управување, попознат како Фронтекс, а Советот на ЕУ веќе ја донесе одлуката за потпишување, се вели во соопштението од СДСМ.
Во продолжение на истото се додава:
Уште еднаш потонаа лагите на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, за некаква асимилација и бугаризација.
Напротив, со одлуката на Советот на ЕУ македонскиот јазик, признаен и заштитен на голема врата влегува во Европската унија, за да стане еден од официјалните јазици на големото европско семејство.
извор: СДСМ
фото: Архива