Ковачевски за Софијанова: „Ако има прекршувања, веднаш да се постави нов директор на Детската клиника“

0
294

Премиерот Димитар Ковачевски во врска информациите објавени во некои медиуми и на социјалните мрежи за дежурствата на директорката на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова на Клиниката, изјави дека доколку во конкретниот случај има прекршување на работните процедури и на овластувањата веднаш да се постави нов директор на Детската клиника.

„Јас нема да навлегувам во квалификации за нешто за што немам детали пред мене. Но, веќе разговарав со министерот Сали доколку има прекршување на работните процедури и на овластувањата веднаш да постави нов директор во Детската клиника“, рече премиерот Ковачевски во одовор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.

Министерот за здравство Беким Сали посочи дека за секој поединечен случај во кој што има злоупотреба секако дека ќе има санкции.

 

lokalno.mk