(ВИДЕО) Силно невреме на Крит – загина маж, а има и исчезнати

0
269

По големите поплави во регионот Хераклион на грчкиот остров Крит пронајден е мртов маж, а две лица се водат како исчезнати, објави во саботата локалната противпожарна служба.

Педесетгодишник останал заробен во неговиот автомобил во текот на поплавите предизвикани од обилните дождови кои го погодија големиот јужен грчки остров.
Според локалните медиуми постојат информации за исчезнати, во невремето што го зафати приморското место и туристичка дестинација Агиа Пелагиа во близина на градот Ираклио во северниот дел на Крит.

Заменикот префект на Ираклио Никос Сиригонакис за грчката новинска агенција АНА-МПА рекол дека загинатиот го пронашле нуркачи и парталелно упати апел до граѓаните да ги ограничат нивните движења.

Локалните медиуми објавија дека постојат информации за исчезнати лица, но и дека ситуацијата е особено тешка во Агиа Пелагиа, каде што освен жителите, има и туристи.

Поради обилните дождови, улиците целосно се поплавиле, а водата со голема јачина и брзина повлекла автомобили.

видео: neakriti.gr