Денес се навршуваат 15години од трагичната смрт на Тоше Проески

0
249

Денеска се навршуваат 15 години од смртта на еден од најпознатите македонски пејачи со ангелски глас, Тоше Проески.

Проески трагично го загуби животот на 26-годишна возраст на 16 октомври 2007 година, во страшна сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Хрватска.

Веста за неговата смрт го потресе целиот Балкан, а многумина и денес, 15 години подоцна, не можат да се помират со големата загуба.

Семејството, пријателите, фановите и бројните колеги на Тоше од година во година со емотивни зборови ја одбележуваат годишнината од неговата смрт и ја искажуваат својата тага за прекумерната загуба.

4news.mk