92 мигранти биле пронајдени голи, откако, според Атина, биле принудени да ја преминат реката Еврос што ја дели Турција од Грција, што е „нечовечка слика“, изјави грчкиот министер за цивилна заштита Такис Теодорикакос.
Европската агенција за следење на границите „Фронтекс“ го потврди „спасувањето на 92 мигранти во петокот“ со помош на грчките власти.
Агентите на „Фронтекс“ пријавиле дека мигрантите биле пронајдени голи и дека некои од нив имаат видливи повреди“, соопшти Агенцијата.
Атина тврди дека Анкара ги принудила мажите да се соблечат пред да ги депортира на грчката страна на границата, пишуваат медиумите во регионот.
Според написите, грчкиот министер за цивилна заштита ја обвинил Турција за „инструментализирање на илегалната имиграција“, но Анкара негира каква било вмешаност во лошиот и понижувачки третман.
Првите резултати од претседателските избори во Франција покажуваат дека во вториот круг од изборите ќе одат актуелниот претседател, центристот Емануел…