Три деца се меѓу 13-те загинати во падот на руски воен авион

Најмалку 13 лица, меѓу кои и три деца, загинаа кога руски воен авион се урна во населба Јеjск, на брегот на Азовското Море во близина на Украина, соопштија руските власти.

Спасувачите рано утринава го соопштија билансот на несреќата и соопштија дека потрагата по преживеани е прекината.

-Вкупниот број на жртви е 13, меѓу кои три деца, а 19 лица се повредени“, соопшти Министерството за вонредни ситуации, пренесоа руските агенции.

Авионот Су-34 паднал во дворот на станбена зграда во населбата, а на местото на падот се запалило горивото во леталото, што предизвикало огромен пожар во деветкатницата.

 

makfax.com.mk