Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“

0
232

Советот на Општина Благоевград го забрани македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, именуван по славниот македонски поет.

Благоевград нема да биде центар за слични пропагандни провокации, се вели во образложението на декларацијата изгласано од Советот на овој бугарски град.

Истото го потврди советникот Кирил Илиев од ГЕРБ, кој изјави дека со оваа декларација им порачуваат на „македонистите“ дека не се добредојдени во градот.

фото: Архива