Испечете костени дома во вашата рерна

Есента пристигна, а со неа и вкусниот костен кој многумина го чекаа. И навистина, ништо не може да го замени опојниот мирис на печените костени, кои секогаш нè мамат со својот мирис на улиците.

Но, зошто овој мирис да не ве искушува и дома?

Не ви треба никаква филозофија за да печете костени. Сепак, многумина избегнуваат да го прават тоа дома, бидејќи делува како премногу работа, па се решаваат да купат костени од улични продавачи.

Сепак, иако не се тешки за подготовка, некогаш не излегуваат убави.

Затоа за вас подготвивме трикови кои ќе ви помогнат секогаш да го подготвите совршениот костен.

Се што треба да направите е да ги ставите костените во поголем сад, да налиете вода и да ставите една голема лажица крупна сол.

Оставете ги костените да отстојат десетина минути.

После тоа извадете го и со нож пресечете го на средина.

Во тенџерето сипете вода, а кога ќе зоврие додадете ги костените и варете околу три минути.

Извадете ги костените од водата, добро исушете ги, а потоа посолете и една лажица растопен путер.

Покријте го плехот со хартија за печење, па ставете ги костените да се печат на 200 степени 15 минути.

Кога ќе се испечат костените, ставете ги во чинија, покријте ги со крпа и оставете ги да одморат пет минути, па можете да ги јадете.

 

kurir.mk