Здраво, јас сум Наташа Димовска од Скопје, сопруга и мајка на 2 малолетни деца. Имам 45 години.
Животот понекогаш знае да удри силно и неочекувано. Ќе Ви ја раскажам накратко мојата приказна која посакувам да беше поинаква…
Боледувам од канцер веќе подолго од 1 година и за жал после неколку интервенции – лекувањето тука во Македонија е неуспешно. Дијагнозата е ангиосарком на дојка со метастази на црниот дроб. Правев 2 операции на Клиника и една во Систина. За жал канцерот не се намалува. Метастазата на црниот дроб прогресираше. Ми даваат надеж во болницата Acibadem maslak во Истанбул, Турција. За лекувањето таму – потребно е да уплатам првично 20 000 евра за да заминам.
Вербата е единствено што ме води , за моето семејство и моите деца. За нив, за нивната насмевка и иднина, само за нив Ви се обраќам за помош и подадена рака. Ќе ви бидам благодарна доколку одвоите малку за моето многу. Бидете сите благословени

