DW: Кина почнува големи воени маневри во близина на Тајван

Уште во текот на изминатите денови, јавуваат тајванските власти, кинески борбени авиони навлегле во тајванскиот воздушен простор. Забележани се и кинески воени бродови во Тајванскиот теснец, кој демократски управуваниот остров го делат од копнена Кина, објави DW.

Согласно на најавата, кинеската војска сега започнува опсежни маневри во близина на Тајван, објави кинеската државна телевизија, со укажување дека се користи и боева муниција. Телевизијата прикажа снимки на воени авиони и воени бродови во регионот.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека ситуацијата се следи со внимание, дека воените сили на островската држава ќе дејствуваат според принципот „подготовка за војна, но желба да нема војна“, тајванската страна нема да предизвикува ескалација на конфликтот.

Пекинг воведува и економски санкции

Фактичкиот размер на воените маневри уште не е познат. Кинеското комунистичко раководство за можни зони на воени маневри прогласи шест области околу Тајван, дел од нив се преклопуваат со тајванските територијални води. Не е целосно јасно што ќе значи ова за цивилниот бродски и авионски сообраќај. Тајван стравува од поморска и воздушна блокада преку најавените маневри.

Доколку се остварат заканите, можно е да бидат истрелувани ракети во водата само неколку километри пред тајванскиот брег. Освен тоа, државното и партиското раководство во Пекинг воведе економски санкции против демократски управуваниот остров. Во Кина е забранет увоз на бројни прехранбени производи од Тајван. Од Кина пак меѓу другото не смее веќе да се извезува песок во Тајван, важна суровина за градежната индустрија.

Кина е лута поради посетата на Пелоси

Комунистичкото државно раководство Тајван го смета за дел од својата државна територија и е гневно поради посетата на американската политичарка Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом на САД. Со недели претходно претставници на Народна Република Кина со остри зборови предупредуваа да не дојде до таква посета, а реториката во изминативе денови крајно се заостри.

Посетата на Пелоси е многу коментирана и на социјалните мрежи, при што доминираат националистички тонови, но и иронија и хумор. Платформата за кратски вести Веибо не беше достапна поради преоптоварување со часови во време на стигнувањето на Пелоси на Тајван.

извор: DW
фото:DW