Infomax:Синоќа приведен Владимир Тодоровиќ со уште десетина дуриги лица

Доцна синоќа по слетување од Загреб на скопскиот аеродром приведен е екс-градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ.

Заедно со него во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Табановце бил приведен и Владимир Здравев, како и уште најмалку осум лица.

Истите ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка изутрина, бидејќи судијата одбил да ги сослуша уште вечерва, дознава Инфомакс.

Неофицијално се работи за предмет поврзан со проектот “Скопје 2014” отворен уште од СЈО од обвинителот Љубомир Лапе а потоа го превзема обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

infomax.mk