Mакедонското друштво “Илинден”-Тирана побараа отворање на лекторат по македонски јазик во Корча

Во албанскиот град Корча ќе се отвора лекторат по македонски јазик откако претседателот на македонското друштво “Илинден” од Тирана, Никола Ѓурѓај поднесе барање до Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за отворење на лекторатот на Универзитет Фан С. Ноли во Корча, Албанија.

„Во името на македонското друштво “Илинден”- Тирана поднесов барање до Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Македонија и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура за отворење на лекторатот по македонски јазик на Универзитетот Фан С. Ноли во Корча, Албанија, напиша на својот фејсбук статус претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

 

vesnik-ilinden.com