Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на 18 јануари заминува за САД, што се совпаѓа со инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, која ќе се случи на 20 јануари. Во интервјуто за МИА, Мицкоски вели дека во Вашингтон ќе побарал поддршка од стратешкиот партнер за евроинтеграциите. Тој вели дека бил предвидени многу средби и разговори со водечките луѓе од администрацијата во Вашингтон.
Но не е јасно со кој администрација. Оваа на Бајден тогаш ќе биде во целосно заминување, додека таа на Трамп треба да се формира, а номинираните министри мора да поминат низ процес на конфирамција во Сенатот. Низ тој процес треба да поминат и врвните дипломати во Стејт департментот. Единствениот висок функционер во кругот на Трамп кому не му е потребна конфирамција во Сенатот е идниот советник за национална безбедност Мајкл Волц.