Maкедонија во ОН гласаше воздржано за прекин на присуството на Израел во Газа

Македонија беше воздржана во Генералното собрание на ОН при гласањето за необврзувачка резолуција со која се бара Израел да го прекине своето „незаконско присуство“ во Појасот Газа и окупираниот Западен Брег во рок од една година.

За резолуцијата гласаа 124 од 193 членки на ОН, 14 беа против, а 43 беа воздржани, објавија Обединетите нации.

Заедно со Србија, воздржани беа Велика Британија, Германија, Италија, Холандија, Австрија, Швајцарија, Шведска, Данска, Хрватска, Бугарија, Романија, Полска, Словачка, Литванија, Украина, Македонија, Албанија, Канада, Индија, Австралија и други. земји.

Против гласаа САД, Израел, Чешка, Унгарија, Аргентина и други земји.

Резолуцијата бара повлекување на сите израелски сили и евакуација на еврејските доселеници од окупираните палестински територии „без одлагање“.