Sunday Times: Британскиот принц Чарлс добил куфер со еден милион евра во кеш од поранешниот премиер на Катар

Британскиот принц Чарлс добил куфер со еден милион евра во кеш од поранешниот премиер на Катар, пишува Sunday Times.

Весникот наведува дека ова е една од трите парични донации на шеикот Хамад бин Јасим во вкупен износ од три милиони евра.

Од Кларенс Хаус, палатата во која живее принцот Чарлс, беше кажано дека донациите на шеикот веднаш биле проследени до една од добротворните организации на принцот и дека биле испочитувани сите процедури. Нема индикации дека плаќањата биле незаконски.
Во соопштението на Кларенс Хаус се вели дека „добротворните донации добиени од шеикот Хамад бин Јасим веднаш биле проследени до една од добротворните организации на принцот, која извршила соодветни проверки и увери дека се испочитувани сите потребни процедури“.

Средствата ги прими добротворната фондација на Принцот од Велс, која има за цел „да ги промени животите и да изгради одржливи заедници“, преку обезбедување помош за проекти во области како што се екологијата, образованието, здравството и социјалната вклученост.

Фондот изјави за „Сандеј Тајмс“ дека поверениците заклучиле дека донаторот е веродостоен и дека неговите ревизори ја потпишале донацијата.

Извор: Sunday Times

фото: Архива