Иако авијацијата се смета за индустрија каде што повеќе доминираат мажите, а последните статистики на Институт за пилоти го докажуваат тоа, сепак мал број од 9,02 проценти на жени пилоти храбро полетуваат кон целта со надеж да го исполнат својот сон, летајќи на „немирното“ небо, полно со предизвици, предрасуди и отежнувања. Во овој мал процент на жени пилотки во светот спаѓа и Катерина Кајсторовска (47) од Северна Македонија.
Кајсторовска заедно со тимот на Агенција Анадолија (АА) полета над Скопје со мал авион, на каков што го започнала школувањето, присетувајќи се на почетоците и раскажувајќи за остварувањето на нејзиниот детски сон, упорноста при школувањето да стане пилотка, како и обуката за „Боинг 737“ во Стокхолм, Шведска.
„Јас сум Катерина Кајсторовска, единствената жена капетан пилот и инструктор на тип Боинг 737 во Северна Македонија. Летам веќе многу долги години. Пасијата за летање ја имам од многу мала. Почнав да летам на свои 15 и пол години, кога татко ми ме однесе во Пилотската академија во Вршац, каде имав среќа да завршам“, вели Кајсторовска.
Кајсторовска вели дека летањето за неа е страст, љубов, чувство на целосна слобода.
„Без нималку суета можам да кажам дека имам најубава канцеларија на светот. Имам канцеларија на 10.000 метри. Ме радуваат изгрејсонцата…“, вели Кајсторовска.
Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА)