Австрија: Десничарската ФПО доби мандат за формирање влада

По неуспешните разговори за центристички сојуз во Австрија, претседателот Александар Ван дер Белен за прв пат ѝ додели мандат на делумно десничарско екстремистичката партија ФПО да формира влада. Шефот на државата ова го соопшти по разговорот со лидерот на Слободарската партија на  Австрија,   Херберт Кикл.

Претходно,  коалициските преговори  меѓу конзервативната ОВП и социјалдемократската СПО се покажаа неуспешни, како и тристраните разговори со либералниот Неос.  Канцеларот и лидер на ОВП, Карл Нехамер, ја објави својата оставка во саботата.

ФПО победи на парламентарните избори во септември со речиси 29 отсто од гласовите. Отпрвин никој не сакаше да владее со неа и нејзиниот контроверзен партиски лидер Кикл, но откако преговорите за сојуз на политичкиот центар не успеаја, партијата ОВП го смени курсот и сега е подготвена да преговара за сојуз со ФПО.

Двете партии веќе формираа коалиции во 2000-тите и помеѓу 2017 и 2019 година, иако под шефови на влади на ОВП. Сега  ФПО би можела за прв пат да ја преземе канцеларската функција.

Пред тоа, сепак, двете партии би требало да договорат владина програма. Тие во голема мера се согласуваат за прашања како што се миграцијата и даноците. Но, во областа на надворешната и безбедносната политика постојат разлики помеѓу ФПО, која е пријателски настроена кон Москва и критична кон ЕУ, ​​и ОВП.

Извор: .dw.com