Најмалку 25 лица загинаа, а осум се повредени во западна Индија кога автобус се превртел и се запалил на автопат во саботата наутро.
Автобусот се движел кон градот Пуна кога удрил во столб и се превртел по полноќ, поради што се запалил резервоарот за гориво, изјави за AFP висок полициски функционер Бабурао Махамуни.
– Во автобусот имаше околу 30 до 35 луѓе. Дваесет и пет лица загинаа, а осум се повредени – рече тој.
Повредените се примени во болница во близина на местото на несреќата во државата Махараштра, на околу 400 километри источно од финансискиот главен град на Индија, Мумбаи.
Возачот и кондуктерот на автобусот се приведени на сослушување, изјави за новинарите државниот министер за рурален развој Гириш Махаџан.
vecer.press