„Возачот на возилото е затекнат на лице место и приведен, тој во моментов не претставува дополнителна опасност. Во моментов таму се присутни силни полициски сили“, објаснија надлежните.
Инцидентот се случил во областа на раскрсницата помеѓу Дахауер Штрасе и Сеидлштрасе во центарот на градот, недалеку од централната железничка станица во Минхен. Полицијата првично не соопшти повеќе детали. Околу локацијата има прекини во сообраќајот. „Избегнувајте ја областа што е можно подалеку за да можат непречено да работат итните служби“, им препорача полицијата на граѓаните.
Според извештаи на локалните медиуми, автомобилот влетал во учесниците на протестен марш на синдикатот Верди. Претставник на доброволната противпожарна служба соопшти дека има најмалку 20 повредени, дел од нив се здобиле веројатно и со потешки повреди. Градоначалникот Дитер Рајтер изјави дека меѓу повредените има и деца.
Во текот на денешниот четврток во Минхен се одржуваат предупредувачки штрајкови, како и во повеќе други градови во Германија. Во градот владее засилена состојба на готовност и поради Минхенската безбедносна конференција, која ќе трае до викендот, а на која се очекува да присуствуваат бројни високи политичари од целиот свет.
DW