Воздухопловните и здравствените институции на Европската Унија (ЕУ) препорачаа од 16 мај да се укине условот за носење маски што се применува против пандемијата на Ковид-19 во авионите и аеродромите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за воздухопловна безбедност на ЕУ (EASA) и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) ги ажурираа своите безбедносни мерки поврзани со здравјето при воздушниот сообраќај.
Во заедничкото соопштение на двете институции се препорачува укинување на практиката за барање да се носат медицински маски на аеродромите и во авионите.
„Од следната недела, маските за лице нема да бидат задолжителни за воздушниот сообраќај, во согласност со промената на барањата наметнати од националните власти за јавниот превоз низ Европа“, рече директорот на ЕАСА, Патрик Ky.
Барајќи патниците да се однесуваат одговорно, Ky рече дека е важно луѓето кои се чувствуваат лошо, киваат или кашлаат, да носат маска, имајќи го предвид здравјето на другите патници.
извор: Агенција Анадолија (АА).