Аеродромот „Истанбул“ го зазеде првото место меѓу 10-те аеродроми со најдобар карго превоз во Европа во првата половина од годината, јавува Анадолу.
Оваа информација на својот профил на социјалните мрежи ја потврди турскиот министер за транспорт и инфраструктура, Абдулкадир Уралоглу.
„Аеродромот ‘Истанбул’ се наоѓа на прво место меѓу првите 10 аеродроми со најдобар карго превоз во Европа. Аеродромот ‘Истанбул’ не се симнува од врвот“, истакна Уралоглу.
Министерот сподели и листа на првите пет аеродроми што имале најголем карго сообраќај во првата половина од годината:
1. Аеродром „Истанбул“
2. Аеродром „Милано Малпенса“
3. Аеродром „Лајпциг Хале“
4. Аеродром „Мадрид“
5. Аеродром „Келн-Бон“
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.