Асфалтираната површина изнесува околу 550 м2, односно 150 метри должина и 3,5 метри ширина.
По завршувањето на активностите за асфалтирање, во Пештани ќе продолжиме со партерно уредување на помала споредна улица.
Финансиските средства издвоени за асфалтирањето изнесуваат околу 700 000 денари, а се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
За наредната година предвидено е во Пештани да се асфалтираат уште неколку улици.