Покрај во Македонија, Бугарија не бира начин и пари да „создадат“ нови Бугари во соседните земји. Давањето бугарски пасоши зема завав во Албанија во деловите населени со македонско малцинство. Во тоа помош имаат од официјалните албански власти кои се фалат за логистичката поддршка што им им ја даваат на пријателите од Бугарија, објави Република.
Претставникот на бугарското малцинство во Комитетот за малцинства во Албанија, Милена Селими на својот Фејсбук прифил се пофали дека била на средба со жителите од селото Големо Острени, на која покрај другото се говорело и за олеснување на процедурите за обезбедување бугарски пасоши.
На средбата со македонското малцинство присуствувал и секретарот на Советот на Општината Булќиза, Фитим Бала.
Дел од Македонците во Албанија поради лошата економска состојба се принудени да вадат бугарски пасоши а официјалната политика во Софија тоа вешто го користи.
Во целава ситација проблматично е однесувањето на овие службеници кои ги плаќа албанската држава а која отворено работи за бугарските интереси.
Се очекува со свој став да излезат со реакција официјалните албански власти, нашинците во Албанија, но и канцеларијата на ЕУ во Бугарија која треба да се изјасни дали ја поддржува Бугарија во асимилацијата на Македонците.
извор: Република.
извор: ФБ Milena Selimi