АЛФА: Од април повисоки плати за 7%, за наставниците и професорите

Повисоки плати за 7% од април ќе добијат вработените во сите основни и средни училишта. Преговорите за новите колективни договори меѓу МОН и СОНК се во завршна фаза, а ќе бидат потпишани најдоцна до средината на март. Министерката Јаневска објасни дека ова е второ зголемување на платите за пет месеци, по формирањето на новата влада, објави АЛФА.

„Mартовската плата на вработените во основните и средни училишта која ќе ја добијат во април ќе биде покачена за 7%. Тој договори е веќе постигнат. Ова е второ покачување на платата и е во согласност со инфлацијата. Со овој договор обезбедуваме континуитет во покачувањето на платите на наставниците и другите вработени во основните и средните училишта кои ќе се одвиват во следните четири години“, изјави министерката за образование Весна Јаневска.

Покрај покачувањето на платите на денешната средба Јаневска-СОНК се разговараше и за зголемување на приходите за дел од класните раководители и зголемување на патните трошоци. Претседателот на СОНК, Неделков е задоволен од празговорите, вели со присуството на на состаноците, владата покажува дека се посветува внимание на просветниците работници.

„Самото присуство на министерката на состаноците, покажува дека се посветува внимание на квалитетен текст и сакам да изјавам дека таргетот беше до денешниот ден да ги потпишеме колективните договори, но поради обемноста на материјалите и немање закон за наставници и стручни соработници кои се битни за склучување на договорите ќе имаме мало доцнење“, рече Неделков.

Ова е првпат зголемувањето на платите во МОН да се одвива согласно со растот на инфлацијата. Ова е второ покачување на платите во образованието откако на Илинденска седна новата влада.
Зголемување на платите за 5% имаше и во октомври. Премиерот Мицкоски најави дека, до крајот на мандатот платите на наставниците и професорите ќе пораснат минимум за 46 проценти.

 

извор: АЛФА