Амбасадата на САД во Киев им порача на Американците „да се засолнат на место“

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Киев издаде предупредување за Американците во Украина „да се засолнат на место“ поради руските напади во голем број големи украински градови.

„Има извештаи за руски напади врз цели во голем број големи украински градови, вклучувајќи ги Киев, Харков, Одеса, Ивано-Франковск и Мариупол“, објави амбасадата на Твитер.

„На граѓаните на САД во Украина им се советува да се засолнат и да ги преземат следните активности:

Ако слушнете силна експлозија или ако се активираат сирените, веднаш побарајте заштита.
Ако сте во дом или зграда, одете на најниското ниво на структурата со најмалку надворешни ѕидови, прозорци и отвори; затворете ги сите врати и седнете во близина на внатрешен ѕид, подалеку од какви било прозорци или отвори.
Ако сте на отворено, веднаш побарајте покритие во стврдната структура; ако тоа не е можно, легнете и покријте ја главата со рацете“.

 

CNN