АМСМ: Слаб снег на Ѓавато и намалена видливост поради магла на Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува на планинскиот премин Ѓавато, но не се задржува на коловозот.

Намалена видливост поради појава на магла со видливост од 50м. до 70м. има на Плетвар.