Андоновски: После дискотеките, почнете и со проверка на зградите за колективно домување, градинките и училиштата

Јован Андоновски, поранешниот заменик на народниот правобранител, алармира дека по дискотеките и локалите за ноќна забава, трева да се изврши акција за проверка на бесбедноста на зградите за колективно домување. Тој овој став го сподели на својто фејсбук профил.

– После дискотеките, почнете и со проверка на зградите за колективно домување. Хидранти има или нема, црева за гасење пожар, излез за евакуација, светлосна сигнализација во случај на непогода, доградби и дивоградби на заеднички простории, вклучително и на надворешни (резервни) скали, скривници запуштени со децении. Како може во згради да има кафетерии, ресторани, игротеки за деца и што ли уште не во импровизирани простории? Проверете ги и училиштата и градинките. Дали имаат противпожарни апарати и хидранти, дали се во исправна состојба, дали воопшто некој знае да ракува со нив, порача тој.

 

 

Дејствувајте пред да биде доцна, алармира Андоновски.

 

 

 

skopjeinfo.mk