Српскиот музичар Аца Лукас (53) повторно има здравствени проблеми. Популарниот пејач почувствувал болки во стомакот, а кога тие не престанале побарал лекарска помош, пишува Курир.
– Аца е работохолик и не престанува да работи со месеци. Работеше со полна пареа – изјави изворот за Курир и додаде:
– Поради тоа не се грижеше за исхраната, не спиеше правилно, а сето тоа влијаеше на неговото здравје.
Во неделата музичарот почувствувал силни болки во стомакот и побарал лекарска помош. Тој бил задржан на набљудување.
-Кога го видоа во болница, истоштен и наведнат од болки, веднаш го примија како итен случај. По прегледот решиле да го задржат во болница – заклучил изворот.
Откако Лукас ќе ја напушти болницата, тој ќе ги продолжи подготовките за концертот во Старк Арена во Белград.
24sata.hr