Љубовта навистина не познава граници. Тоа го докажа вториот човек на Месечината, Баз Олдрин (93). На неговиот роденден во петокот се ожени со својата долгогодишна девојка Анка Фаур (63), 30 години помлада, во Лос Анџелес.
Романтичната вест ја сподели со своите следбеници на Твитер.
On my 93rd birthday & the day I will also be honored by Living Legends of Aviation I am pleased to announce that my longtime love Dr. Anca Faur & I have tied the knot.We were joined in holy matrimony in a small private ceremony in Los Angeles & are as excited as eloping teenagers pic.twitter.com/VwMP4W30Tn
— Dr. Buzz Aldrin (@TheRealBuzz) January 21, 2023
– Покрај тоа што во петок го прославувам мојот 93 роденден, со гордост можам да кажам дека на тој ден се венчавме со мојата долгогодишна љубов Анка Фаур. Тоа беше мала церемонија во Лос Анџелес. Возбудени сме како тинејџери – напиша Баз, кој со стапувањето во брак во 90-тите тргна по стапките на хрватскиот политичар Јосип Манолиќ (103), кој се ожени на 97 години.
Ова не е прв брак на Олдрин. Се женел три пати, а исто толку пати се развел. Тој беше во брак со Џоан Ен Арчер 20 години, од 1954 до 1974 година. Една година подоцна се ожени со Беверли Ван Зиле, но тој брак траеше само три години.
Со својата последна сопруга, Лоис Дригс Кенон беше најдолго во брак од 1988 до 2012 година. Тој има два сина, Ендру и Џејмс, и ќерката Џенис.
24sata.hr