Семејството на Фросина Кулакова од Неготино, која загина на „Партизанска“ во Скопје, кога автомобил удри во неа, управуван од 20-годишниот Васил Јованов, јавно се обрати со апел да се пронајде одговорното лице кое го снабдило со мобилен телефон додека тој е во притвор.
– Од семејството на свирепо убиената Фросина Кулакова јавно се обраќаме до МВР – Сектор за Внатрешна Контрола да се пронајде одговорниот што го снабдил со телефон убиецот – монструм и да биде соодветно санкциониран. Системот повторно потфрли! Дали ќе се дозволи корумпцијата што ја уби сестра ми и понатаму да владее?! Чие дете е следно?- пишува во објавата од профилот на Фросица Кулакова на Фејсбук.
Претходно на оваа социјална мрежа беа објавени фотографии за кои се тврди дека се од притворениот Јованов. Од фотографиите може да се види лице кое е во влечки, со дуксер и качулка и и во рацете држи мобилен телефон. Во објавите на Фејсбук се тврди дека лицето е Јованов, а фотографиите откако тој е во притвор, поради сообраќајката во која загина младата дизајнерка.
denesen.mk