Безбедносните експерти објаснуваат што означува буквата „Z“ на руските тенкови

Чуден симбол на руските тенкови во форма на буквата „Z“ испишан со спреј им „падна“ во очи на сите кои ги следат случувањата во Украина. Прашањата на социјалните мрежи беа зошто буквата Z кога латиничниот симбол не е дел од руската азбука.

Безбедносните експерти дадоја свое објаснување за овој знак. Тие велат дека ова е начин да се обележат возилата во директна битка со непријателот, а посебно при влегување зад непријателските линии и да се избегне несакан напад од своите сили кој можат да не ги препознаат единиците.

Руската и украинскта армија имаат слично оружје, па овие знаци се за да не се случат грешки.