Министерот за економија, Крешник Бектеши ја нарече Европската унија, „економско чудо“, кое според него, не дозволува 10 или 20 поединци да ја држат економијата на една држава 10, 20, па и 40 години. Такви поединци, рече тој, има во Русија и во други источни земји, а и кај нас „до 2017 пред да се смени власта“.
-Младите си одат од земјава затоа што со своите идеи, нагласи Бектеши, не можат да бидат конкурентни на домашните 10 до 15 олигарси кои се непроменети од 1991 година до денес и кои 30 години, како што рече, секој од нив покрива по над 90 отсто од пазарот на некој сектор.
Тоа ги одвраќа младите, тие наидуваат на неможност да ги остварат своите визии и идеи, и заминуваат од земјава, рече Бектеши трибината на тема „ЕУ за македонската економија“ со која вечерва во Скопје почна кампањата „Ние сме Европа“.
Според него, ЕУ има механизми и реформи што се антимонополски.
– Политиките на ЕУ даваат иста можност, без разлика за кого се работи. Во ЕУ развојот се гради само преку конкурентност и со еднаква можност за сите, нема дискирминација на ниеден на граѓанин. Тоа е начинот да ги задржиме младите, порача Бектеши.
fokus.mk